Што значи Property Management? Property Management или управување со туѓ имот значи менаџирање и вoдење на станбени или комерцијални недвижности кои се во сопственост на друго лице или субјект. Компанијата која управува со недвижноста дејствува во име на сопственикот и се грижи да се зачува вредноста на имотот. Сопственикот на имотот плаќа одредена провизија или процент од закупнината која ја зема од недвижноста, во договор со компанијата која ја менаџира. Одлуката дали ќе одберете да бидете активен сопственик кој ќе управува со својата сопственост или ќе одлучите да ангажирате надворешна компанија, специјализирана за управување со туѓ имот, секогаш зависи од Вашето искуство, како и од големината на сопственоста за која станува збор. Компанијата одговорна за управување обезбедува комплетен спектар на услуги за Вашата сопственост. Зависно од Вашите потреби и желби, компанијата ќе превземе одговорност за оние задачи кои ќе и ги додели сопственикот, но исто така, по негов избор, компанијата може да превземе и комплетна одговорност за предметната сопственост. Компанијата за менаџирање преставува врската помеѓу сопственикот и закупците и може да биде одговорна за следниве точки: ● Facility management – водење грижа за целокупното одржување ● Asset management – водење на целосно книговодство ● Full Lease – издавање на деловен и канцелариски простор ● Рекламирање и презентација на Вашиот имот на потенцијални закупци ● Обезбедување на соодветни и сигурни закупци ● Придруѓување на потенцијалните закупци при посета на сопственоста ● Подготовка на договор за изнајмување ● Подготовка на извештај и вршење проценка на имотот ● Управување и уредување на сите потребни поправки ● Периодична инспекција на сопственоста и ажурирање на сопственикот ● Навремено информирање на закупците за завршување на договорот за закуп ● Реиздавање на слободните простории веднаш по ослободувањето ● Правни аспекти на закуп, вклучувајќи селење, задоцнување со плаќање или неплаќање, правење штета и сл. |