Недвижноста е инвестиција со трајна капитална вредност

on .

 

Kои се главни купувачи на станови во Скопје? Дали е точно декa најмногу купуваат луѓето од внатрешноста?

- Ако таргетираме можни купувачи на недвижности во Скопје, тоа во најголем дел се луѓе од внатрешноста, а значително помал дел  е процентот на тукашни жители кои имаат потреба од прво живеалиште, ако се работи за млади брачни двојки. Има голем процент на луѓе што прават еден вид размена на станови. Ако родителите живеат во голем стан, децата кога ќе се венчаат сакаат да се одделат и ако не се во можност да купат друг нов стан, тогаш се продава основната недвижност и од тие пари се купуваат два помали стана. Значи, се раситнува недвижноста или истите пари се користат за учество на два стана, од кои помалиот вообичаено го избираат родителите, а децата поголемиот, бидејќи нивните потреби ќе растат со зголемување на семејството.

Kакви станови најмногу се бараат?

- Од вкупната маса купувачи на станови околу 20 отсто се луѓе што купуваат станови кои на нив гледаат како на инвестиција. Тие купуваат станови наменски за понатаму да ги понудаt на пазарот за изнајмување. Тоа се вообичаено големи станови над 100 квадратни метри, луксузно опремени или неопремени и им се нудат на странски институции и организации, владини и невладини организации, амбасади. Kога бараат стан за изнајмување, странците бараат со две-три, па и повеќе спални соби. За едно семејство со две деца се бара четири собен стан, а тоа не може да се вклопи во 80 квадрати. Тоа се станови од 120 до 170 квадрати. Па и странците-самци бараат стан со две спални. Нема многу вакви апартмани. На прво место се падините на Водно, апартмани  со поглед на Скопје, потоа резиденцијалниот комплекс во Kарпош 1 спроти Факултетот за драмски уметности. Многу се барани живеалишта во приградските населби Злокуќани и Бардовци.  ДебарМаало падна на петто место, а следува Тафталиџе, кое е атрактивно во делот нап адините на Водно.

Што е со оние што бараат стан за живеење?

- Другата категорија купувачи, од внатрешноста, а и одСкопје, се оние што бараат прв дом или заменски дом. Тие бараат станови од  40 квадрати, во кои може да се смести една дневна и спална, па до максимум  90 квадрати. Тоа се вообичаено станови во области во кои во моментов масовно се градат станови, кои со одредена ценовна политика се во рамките на владината кампања „Kупи куќа, купи стан“ до 900 евра. Друга категорија се оние што ја живеат онаа култура на динамичен живот и живеат сами, а не во заедница. Kај нив интересот е насочен токму кон помалите станови од  40 до 50 квадрати, ставајќи акцент на лична слобода и прозападен начин на живеење избирајќи локација која е одделена од градскиот метеж, а сепак е блиску до самиот центар на градот. Најпримамлива локација и понатаму останува Водно и неизбежно е да се споменат неколкуте идеално вклопени апартмани од овој тип кои во моментов може да сенајдат во Panorama Residence. Меѓу купувачите на недвижности, околу 5 отсто, се странци. Не е невообичаено да се види дека странец се интересира да купи недвижност во Македонија. Некои од нив ги донела работата во Македонија или едноставно животот зашто тука може за релативно мали пари да се живее убаво.

*Поопширно во нашето печатено или во електронското издание. Дневник